Богатството на Mark Zuckerberg за прв пат ги надмина 100 милијарди долари

Богатството на Mark Zuckerberg за прв пат ги надмина 100 милијарди долари

 Нето вредноста на богатството на Mark Zuckerberg за прв пат помина во четвртокот на 100 милијарди американски долари откако оптимизмот за претставениот конкурент на TikTok „Reels“ ја зголеми цената на акциите на Facebook.

Акциите на Фејсбук се зголемија за повеќе од 6,60% за време на вчерашната сесија на Вол Стрит. Цукерберг (36) им се придружува на другите технолошки титани Jеф Безос и Бил Гејтс како единствените луѓе во светот кои моментално поседуваат повеќе од 100 милијарди американски долари.

Богатството на Цукерберг во најголем дел се должи на неговиот 13 процентен удел на Фејсбук.Петте најголеми американски технолошки компании – Apple, Amazom, Alphabet, Facebook и Microsoft – во моментов имаат пазарни проценки еквивалентни на околу 30% од бруто домашниот производ на САД. Цукерберг, кој ја основа социјалната мрежа во 2004 година додека студира на универзитетот Харвард планирал да остави 99% од своите акции на Facebook до крајот на животот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments