Новообјавени фотографии од вселенскиот телескоп Hubble
Две новообјавени фотографии од вселенскиот телескоп Hubble над нас, ни прикажуваат импресивни глетки на две далечни небесни тела. Двете се фотографии од планетарни маглини, а секоја од нив изобилува со вонземски бои и светлини.
Планетарната маглина е како и секоја друга маглина: област од прашина и гас што служи како расадник на нови ѕвезди. Придавката планетарна во името на овие две маглини (меѓу другите) доаѓа уште од нивното откривање од првите астрономи, кои ги именувале така поради нивната тркалезна форма.
Новите фотографии ни ги прикажуваат НГЦ 6302, со прекар маглина Пеперутка и НГЦ 7027, или маглина Златна Буба.
Во статијата за објавувањето на новите слики на Hubble се истакнува дека иако двете маглини и претходно биле фотографирани, тоа се нема случено долго време. Ова е исто така првпат да ги гледаме преку леќите на Широкоаголната камера 3 на Хабл – што значи дека сликите опфаќаат широк опсег од визуелниот спектар