Британија ќе му конкурира на SpaceX.

Велика Британија го купи банкротираниот стартап за интернет инфраструктура OneWeb.

OneWeb е една од компаниите кои му се конкуренти на SpaceX во креирањето на инфраструктура за сателитски интернет. Компанијата на 20 ноември прогласи банкрот, а сега контола имаат Велика Британија и милијардерот Сунил Митал.

Конкуренцијата во овој сектор е значителна, од SpaceX и Amazon, па се до некои помали компании и стартапи. Сопствен „поглед“ на интернет инфраструктура за рурални и недостапни предели имаат и во Google, кои работат на Project Loom; мрежа на балони која обезбедува интернет на одделени локации.

OneWeb треба да обезбеди уште 1,25 милијарди долари за да се обиде да го оствари својот план. Компанијата сака до 2022 година да обезбеди интернет сервис. Прва цел е до следната година да се креира одржлив сервис во Велика Британија и на Арктик.

Разликата од најголем дел од конкурентите е што OneWeb ќе го нуди пакетот на компании, а не на индивидуални корисници. Цената на приклучоците за сателитски интернет засега е висока, па интересот кај индивидуалните корисници веројатно нема да биде преголем.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments