Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Brooklyn Nine-Nine обновена за 8 сезона
Полициската комедија – Brooklyn Nine-Nine е обновена за нејзината 8ма сезона. Серијалот ги објави големите новости на социјалните мрежи преку Captain Holt, еден од главните ликови во серијата.

Новата сезона од серијата се очекува да ја има својата премиера следната година. Познато е дека скриптите почнаа веќе да се пишуваат како што изјави глумецот Terry Crews. Се шпекулира дека неколку епизоди ќе бидат посветени на движењето Black Live Matter со цел да се обрне вниманието на овој проблем со кој се соочуваат Соединетите Американски Држави веќе подолго време. Филмската екипа и продуцентите донираа 100,000 долари за поршка на BLM.