Бургер Кинг сними реклама со Тесла

Извонредната реклама на Бургер Кинг

Бургер Кинг сними реклама откако се откри дека автоматскиот пилот на Тесла го помешува знакот на Бургер Кинг со сообраќајниот знак ‘СТОП’ на мапа. Бургер Кинг, привремено на возачите на Тесла им понуди бесплатен Whopper.


Популарната угостителска компанија Бургер Кинг, сними извонредна реклама откако се откри недостатокот на автоматскиот пилот на Тесла. Поради една грешка на автоматскиот пилот за една карактеристика ‘Traffic Light and Stop Sign Control’ која Тесла ја пушти на тестирање, автоматскиот пилот кога на патеката ќе види знак на Бургер Кинг го помешува со сообраќајниот знак ‘СТОП’ и понекогаш успорува пред продавница на Бургер Кинг.


Секако дека Тесла не го направи тоа намерно но сепак Бургер Кинг сними извонредна реклама и барем на одредено време ќе им дава бесплатен Whopper на возачите на Тесла автомобилите под услов да споделат фотографија.

Грешката на Тесла заедно со комерцијална стратегија се претвори во извонредна реклама, Бургер Кинг во рекламата гласи вака:„Паметните автомобили, паметно застануваат за еден Whopper“ и „Вештачката интелигенција токму знае што сакате“.


Од друга страна Бургер Кинг не е единствена компанија која ги искористува ваквите грешки. Компанијата Wendy’s е позната по префрлените зборови кон конкурентските компании.

Неодамна Wendy’s зборуваше околу квалитетот на користените состојки во познатото мени Whopper. Секако дека ова не е единствен случај на Wendy’s, компанијата е позната по слатките префрлувања кон конкуренциите.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments