Целата опрема на Huawei мора да се отстрани до 2027

Целата опрема на Huawei за 5Г мрежата мора до 2027 година да се отстрани од Британија

Британската влада им забрани на британските телеоператери купување антени и каква било друга опрема за 5Г мрежата која ја произведува Huawei.

Одлуката важи од 31 декември натака, а освен тоа телеоператерите мора да ја отстранат целата опрема на таа кинеска компанија од своите мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални прашања Оливер Дауден денес му ја соопшти оваа одлука на британскиот парламент.

Минатата година САД му воведоа санкции на Huawei, тврдејќи дека компанијата претставува закана за националната безбедност, што Huawei го негира.

Дауден кажа дека оваа одлука ќе го одложи воведувањето на 5Г мрежата за една година.

„Оваа одлука не беше лесна но е правилна за нашите мрежи и националната безбедност и економијата, сега но и долгорочно“.

Владата со ова сака да се одалечи од Huawei како произведувач на опрема за 5Г мрежата во таа земја. Сепак, владата верува дека ќе воведе 5Г за две години.

Дауден објасни и дека рокот за отстранување е поставен до 2027 година бидејќи земјата не сака да зависи само од Nokia како единствен произведувач на опрема.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments