CEO на PlayStation изјави зошто не е изјавена цената на новиот PS5

CEO на PlayStation изјави зошто не е изјавена цената на новиот PS5

Долгоочекуваниот PS5 конечно е објавен. На лансманот исто така се претставени и некои игри кои ќе се играат на PS5. Но нешто не беше изјавено, а тоа е цената на новиот PS5.

Sony, пред неколку дена го лансираше новиот PS5 заедно со неколку игри. Иако се беше претставено, сепак цената не беше. Sony, одлучи да не ја покаже цената на новата конзола.

Бидејќи цената не беше изјавена, љубителите почнаа да претпоставуваат. Една од претпоставките е тоа дека се очекува, Sony да даде цена на новиот PS5 цена како на поранешниот PlayStation 3, 599 долари. Но CEO на PlayStation изјави малку поразлично.

Ќе има две опции

Сеуште не е целосно завршена пандемијата коронавирус која е причина на смртта на повеќе од 425 илјади лица низ целиот свет. Економската криза предизвикана од коронавирус која ја доживуваат компаниите, сеуште не е во нормала.

CEO на PlayStation, Jim Ryan изјави вака: „ Општата верба и историјата покажуваат дека нашата деловна линија е поотпорна на рецесија. Но, мислам дека ова појаснува дека треба да се фокусираме на правото на еднаквост.“

Оваа рамноправност за вредност, која ја спомна Ryan, се појавува и во две различни опции на конзолата: стандардна верзија и дигитална верзија без диск. Ryan, за BBC изјави дека нема да ги изјави цените во овој говор, но причината за две опции на PlayStation, е тоа дека сака да им понуди неколку опции на корисниците. Ryan кажа:„ Огромно мнозинство на наши корисници преферираат да купуваат дигитално. Мислевме дека можеме да направиме нешто што цело време го пробуваме и да понудиме опција“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments