Chang Li најефтино и најефикасно електрично возило

Chang Li најефтино и најефикасно електрично возило во светот!

Ако сонувате за електричен автомобил, но како и повеќето луѓе не можете да си дозволите Tesla, постои решение за вас. Chang Li е најевтиниот електричен автомобил во светот, кој чини околу 820 евра, односно 1.050 евра со поголема батерија, а може да се порача онлајн.

Возилото е дизајнирано и произведено од кинескиот произведувач „Чангџоу ксили кар индустри“. Chang Li Nemeka е мало електрично возило кое привлече големо внимание откако беше промовирано како најпристапниот електричен автомобил во светот.

Електричниот мотор е способен за производство на 1,16 коњски сили и нуди максимална брзина од 30 километри на час. Сепак, автомобилот доаѓа со интересни функции како клима, грејачи, радио, камера.

Најимпресивно е тоа што овој производ може да биде доставен пред вашата врата затоа што секој може да го порача онлајн. Всушност, единствен начин да го купите е преку нарачка на Алибаба.

Chang Li е долг 2,5 метра, широк 1,50 метат, а висок 1,80 метар. Тежи 323 килограми и може да носи до 300 килограми. Верзијата со две седишта се продава за 820 евра, додека онаа со три седишта се продава за 1.320 евра. Батеријата се полни од 7 до 10 часа, а издржува од 40 до 100 километри, во зависност од големината.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments