Coca Cola започнува со бојкотот за реклами на сите платформи од социјални медиуми

Coca Cola започнува со бојкотот за реклами на сите платформи од социјални медиуми

Coca Cola изјави дека со почеток од 1 јули ќе ги укине сите реклами на социјалните мрежи за најмалку 1 месец. Бојкотот кој започна против Facebook се прошири и на другите платформи.

Најпопуларната компанија за газирани сокови, Coca Cola, одлучи да ги острани сите дигитални реклами на социјалните мрежи на најмалку еден месец со почеток од 1 јули. Оваа одлука како за почеток е донесена за Facebook и Instagram но потоа се прошири. Додека многу компании учествуваат во кампањата наречена „Стоп за омраза за профит“, Кока-Кола отиде еден чекор подалеку.

Coca Cola која не се задоволи со бокотот само против Facebook и Instagram, одлучи да ги бојкотира сите социјални мрежи. Така што тоа значи дека Coca Cola нема да ги бојкотира само Facebook и Instagram, туку ќе ги бојкотира и другиите социјални мрежи како Twitter и Youtube. CEO на Coca-Cola Company, Џонс Квинси, во изјвата кажа дека во овој 30-дневен бојкот повторно ќе ги разгледа рекламните стандарди на компанијата. Квинси исто така рече дека тие ќе решат што очекуваат повеќе од своите партнери на социјалните мрежи да се ослободат од омраза, насилство и несоодветна содржина на нивната платформа.

Огрмони компании против Facebook

Пред Coca Cola, Unilever исто така се приклучи на Verizon и станаа две големи компании кои започнаа да бојкотираат против Facebook. Извршниот директор на Facebook, Марк Зукерберг, најави дека тие ќе направат серија промени во политиката, иако не се сметаат за директен одговор на кампањата за бојкот. Наведено е дека новите регулативи ќе бидат насочени кон нецелосна умереност на компанијата, како што е заканата од насилство, криминал од омраза и лажни вести објавени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Color of Change, еден од организаторите на кампањата за бојкот, објави дека повеќе од 100 брендови се вклучени во кампањата што ја започнале на 17 јуни. Иако е јасно дека бојкотот што го применуваат многу големи компании ќе ги погоди Facebook и Instagram, главните приходи за рекламирање на Facebook доаѓаат од реклами со директен одговор од мали и средни бизниси.

Како одговор на изјавата на Unilever, Facebook рече дека тие вложуваат милијарди долари секоја година за да ја одржат заедницата безбедна, тие се уште имаат многу да сторат, и тие ќе продолжат да работат со групите за човекови права. Компаниите кои учествуваат во бојкотот против Facebook  рекламите вклучуваат брендови како што се The North Face, Patagonia, Ben & Jerry’s и Magnolia Pictures.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments