Dacia објави фотографии од новата генерација

За повеќе информации ќе треба да почекаме до 29. септември

Се веруваше дека денес ќе се одржи комплетна презентација на новата генерација на модели на од семејтвото Sandero и Logan, тоа не се случи.

Dacia официјално постираше само фотографии од Sandero, Sandero Stepway и Logan моделите.

Пред нас се моделите од трета генерација и се еволуција на се она што Dacia го нудеше на пазарот.Dacia се решиле да го задржат испробаниот рецепт: едноставност и ниска цена.

Многу е направено во областа на дизајнот, па новиот Sandero изгледа многу помодерно од неговиот претходник.

Напред се воочливи новите светлосни групи, новата маска на ладилникот, нешто поатрактивна и подолга хауба во чекор со актуелните трендови. Странично, би рекле огромен чекор напред, бидејќи станува збор за пофлуидни и позаоблени линии, со многу поимпресивен став.

Ветробранското стакло сега е под поостар агол отколку кај актуелната генерација. Нови се и светлосните групи на задниот дел, како и одбојникот кој е нешто повисоко поставен. Сè на сè, едно е сигурно, новиот Sandero направи „чекори од седум милји“ во поглед на дизајнот.

Што се однесува до Logan, информациите се многу мали.

Единствено што се знае и е потврдено од Dacia е дека идниот Logan ќе биде подолг од неговиот претходник и дека ќе има повеќе простор во кабината, но и значително поголем багажник во споредба со сегашниот модел.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments