Дали директорот на Xiaomi користи iPhone?

Дали директорот на Xiaomi користи iPhone?

Извршниот директор на Xiaomi, Lei Jun, објави фотографија со која препорачува да се купуваат и читаат книги, но Jun, фотографијата ја објави преку iPhone. Откако љубителите на Xiaomi реагираа, Jun си ја поправи грешката.

Lei Jun е лице кое активно ги користи социјалните мрежи. Jun, кој особено повеќе ја користи социјалната платформа Weibo каде споделува и важни информации околу компанијата. Но со последната објава извршниот директор на Xiaomi, Lei Jun, постана прилина на реагирање на
фановите на Xiaomi.

Weibo исто како и Twitter додека споделувата објава, го идентификува вашиот уред и го додава на вашата објава. Така што доколку споделувате од iPhone, таа информаицја ќе се гледа на вашата објава. Доколку сте извршен директор на друга компанија, тоа може да биде проблем за вас. Така што оваа грешка направена од страна на Lei Jun, фановите ја приметија.

Да ја видиме објавата споделена од  iPhone

Извршниот директор на Xiaomi, на Weibo сподели фотографија со која препорачува да се купуваат и читаат книги. Но оваа објава не привлече со напишаното во објавата, туку со написот iPhone која се наоѓа веднаш над објавата. Според Weibo објавата е споделена од iPhone. Тоа значи дека извршниот директор на Xiaomi, во својот секојдневен живот користи iPhone, а не Xiaomi.

Поради реагирањето на љубителите на Xiaomi, Jun веднаш превзема мерки. Jun, ја избриша објавата споделена од iPhone и истата објава повторно ја сподели. Овој пат објавата е споделена од Xiaomi Mi 10 Pro. Сепак, овој инцидент не го смени мислењето на љубителите на Xiaomi.

Ова не се случува за прв пат

Извршниот директор на Xiaomi, Lei Jun, не е прв директор на противничките компании кој користи iPhone. Неодамна извршниот директор на кинескиот производител Huawei, Richard Yu и извршниот директор на Realme исто така беа фатени како користат iPhone.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments