Дали Huawei Mate 40 Pro ќе го победи недостигот на Google апликации?

Huawei Mate 40 Pro кој неодамна беше претставен на голема сцена иако преку онлајн настан организиран според најновите КОВИД-19 протоколи, покажа дека не е изгубена возбудата кога гледате како пристигнува нов мобилен уред.

Дел од мобилната индустрија, особено Apple со неинветивната промоција на iPhone 12 како да не успева да ја крене возбудата на фановите за новите модели и што имаат тие да понудат. Барем досега голем интерес привлекува фантастично изработениот Huawei Mate 40 Pro кој од дизајнерска и хардверска појдовна точка се чини дека е вистински победник.

Huawei овој пат свесен дека и натаму како резултат на санкциите нема пристап до Google Play Store Services покрај за хардверски иновации говореше многу и за софтверските новитети кај Huawei Mate 40 Pro.

Тоа е неопходно, бидејќи оперативниот систем Harmony OS иако е базиран на отворениот код на Android, нема пристап до официјалните апликации од Google пакетот како што се Gmail, Chrome, YouTube, Google Maps, Play Store, Google Photos, Google Camera, Meet и итн. Фокусот на Huawei е понуда на нов правец за корисниците, да може да уживаат во врвниот хардвер на Huawei Mate 40 Pro и без апликациите на Google.

Веќе за дел од нив Huawei понуди и сопствени алтернативи како што се Petal Search, Maps и Huawei Docs сите како целосно нови решенија интегрирани во самиот систем на Huawei Mate 40 Pro.

Корисниците исто така може да наоѓаат апликации преку AppGallery посебната продавница на Huawei за сервиси каде изборот станува постојано се поголем, како и да инсталираат попопуларни апликации како Facebook, Instagram, Tinder, Spotify, TikTok и многу други преку линкови за apk фајлови.

Huawei Mate 40 Pro според првите впечатоци кои го остави е еден најмоќните смартфони, а воодушеви на повеќе бенчмарк тестови, како за фантастичната камера, така и за најнапредниот Kirin 9000 процесор изработен според рекордно ефикасната 5mm технологија.

Huawei Mate 40 Pro е еден од најнапредните смартфони со 5G мобилна конекција, има неколку додатоци како што е Ring Light маската која освен заштита нуди и можност за извлекување на блиц светло во форма на прстен кое може да го користите за осветлување додека сликате во темни услови за најдобри резултати.

Huawei Mate 40 Pro е и еден од рекордерите со најбрзо полнење од 66W на батеријата која има капацитет од 4400 mAh, што значи дека за четириесетина минути ќе биде целосно полна.

Предностите и адутите на Huawei Mate 40 Pro подетално ќе ги разгледаме во нашата целосна рецензија на овој уред при што ќе ви дадеме и повеќе детали за неговите можности и функции како смартфон за бизнис и секојдневни задачи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments