Научниците предупредуваа: Социјалното растојание од 2 метри не е доволно

Научниците предупредуваа: Социјалното растојание од 2 метри не е доволно

Научниците кои тврдат дека растојанието од 2 метри не е доволно, исто така кажуваат дека капките кои ги исфрламе за време на зборување, во затвроена просторија можат неколку часа да отседат и дека можат лесно да се внесат во длабочините на белите дробови.

Додека бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет е над 5,7 милионин научниците кои истражуваат на таа тема тврдат дека растојанието од 2 метри кое се вели дека е идеално, според нив не е. „Растојанието од 2 метри кое го препорача СЗО, во затворена просторија не е доволно“.

Научниците кои пишуваат написи за светско познатото списание Science, ддодека ја нагласуваат важноста на носење маски, изјавуваат дека социјалната дистанца не е доволна во секој случај. Во написот објавен во списанието Science, тврдат дека социјалната дистанца не помага во затворени простории и дека многу повеќепомага маската.

НАучниците кои изјавија дека коронавирус се шири благодарение на капките и партикулите во воздух, исто така зијавија: „Доказите дека коронавирус се шири и од лица кои немаат никаков симптом но сепак се заразени, докажуваат дека растојанието од 2 метри кое го препорачува СЗО, не е доволно. Капките со часови можат да останат вовоздухот и со тек на време можат да се помножат. Тсо така во зависност од времето можат да одат и подалеку од 2 метри.

„Кашките можат лесно да одат до длабочините на белите дробови“

Научници чија специјалност е хемија и заразни болести изјавија: „ Капките коие произлегуваат за време на дишење или говорење можат неколку часа да останат внатре и лесно да се внесат до длабочините на белите дробови на лицето. Иако луѓето се во социјална дистанца, сепак пожелно е да се носат маски.“

Експертите наведоа пример за помал број на случаи и смртни случаи во Хонг Конг и Тајван, поради честа употреба на маски. Експертите истакнаа дека употребата на маски е важна за да се забави епидемијата.

Исто така во напис објавен во Science, научниците истакнаа дека потребно е подетално тестирање за лица кои немаат симптоми.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *