Дали Samsung планира да почне да не вклучува полнач во кутијата кај телефоните од идната година?

Оваа можност веќе е дел од гласините оваа година, а се засили по одлуката на Apple да почне со оваа практика со iPhone 12.

Повторно излегуваат неофицијални информации кои кажуваат дека Samsung најверојатно ќе го следи примерот на Apple и во наредната генерација од Galaxy S серијата нема да вклучи полнач и слушалки.

Овие информации веќе ги има неколку пати оваа година, па прво се покажаа како точни за Apple, по што изгледа на ред е Samsung.

Тоа што сепак става знак прашалник за овие информации е фактот дека Samsung веднаш излезе со шега на сметка на Apple поради нивната одлука да престанат да вклучуваат полнач кај новите iPhone 12 телефони.

Не е баш сигурно дали од Samsung би се шегувале со својот конкурент за нешто што тие планираат да го направат на ист начин за само неколку месеци.

Дел од информациите па говорат дека Samsung сепак ќе го задржи полначот во кутијата, а ќе престанат да вклучуваат слушалки. Ова има многу повеќе логика и е нешто што на корисниците нема да има направи разлика, барем на голема.

Apple својата одлука ја правда со тоа дека се грижат за околината и огромниот електронски отпад кој се создава. Исто така, тие истакнуваат дека корисниците веќе имаат дома полначи, па не им се потребни, но дали е тоа баш така. Кабелот кој е вклучен со новите iPhone 12 телефони се приклучува во USB-C влез на полначот, нешто што од Apple од лани кај дел од моделите почнаа да го користат како практика. Корисниците исто така кога го менуваат својот телефон, често го продаваат постојниот, а тоа го прават со се полначот, кој сака да купи телефон без полнач.

Доста критики добиваат веќе Applе за оваа одлука, а веќе има предвидувања дека тие целосно ќе го тргнат влезот за полнење и во иднина ќе се користи новата MagSafe функција.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments