Dell Optimizer ја користи вештачката интелигенција

Dell Optimizer користи вештачката интелигенција да го подобри вашиот Dell компјутер

Dell како компанија моментално е на самиот врв на пазарот, задржувајќи го угледот на производител на едни од најдобрите компјутери, но и други производи. 

Компјутерите на Dell, покрај по нивната одлична оптимизација и работа, се познати по тоа што од компанијата овозможуваат едноставен софтвер кој го подобрува корисничкото искуство. 

Dell Optimizer софтверот вклучува посебни апликации за проверка на драјверите на компјутерот, оптимизација на прилагодувањата за енергија и слично.

Овие апликации овозможуваат подобра работа со одредени функции на компјутерот и од тие на самиот Windows.

Апликациите од Dell во никој случај не треба да се помешаат со таканаречениот „bloatware“, односно софтвер кој производителот го инсталира на нов компјутер.

После години на искуство во развој на посебен софтвер за подобрување на работата на компјутерите, Dell излезе со ново решение кое сега работи на основа на вештачка интелигенција, односно машинско учење.

Dell Optimizer е името на новото решение од компанијата и претставува едно решение за повеќе делови од работата на компјутерот, а овој софтвер може посебно да им се најде на корисниците на лаптоп компјутерите, корисници кои често се наоѓаат во различни опкружувања и услови за работа.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *