Discord со нова цел:Your Place To Talk

Discord реши веќе да не биде место за комуникација само за гејмерите

Discord е име кое во главно го познаваат гејмерите како сервис кој започна со цел да им овозможи место каде ќе може да комуницираат, а посебно за време на играњето, не секоја игра има вграден систем за гласовна комуникација.

Овој сервис функционира на основа на креирање на посебни сервери на кого се приклучуваат корисниците кои се поканети. Преку креираните сервери може да се разговара преку пораки и аудио, а тука се и додатните можности за испраќање на емоџи икони и слично.

Од компанијата истакнаа дека веќе одреден период корисниците го користат Discord за повеќе од само гејминг и дека сега овој сервис се проширува или на еден начин се ребрендира во сервис наменет за комуникација на сите, не само на гејмерите.

Ова секако не значи дека гејмерите нема да можат да продолжат да го користат сервисот како и досега, само значи дека од компанијата ги сакаат и другите корисници, а посебно во ова време кога вакви сервиси се популарни.

Според информациите, можно е да се работи и за обезбедено финансирање на компанијата кое исто така влијаело кон тоа да се прошири видот на корисници на сервисот.

Discord исто така добива и уште една функција која е популарна овој период, а тоа е можност за групни видео повици помеѓу корисниците на еден сервер.

Новиот слоган на Discord сега е „A Place to Talk“, а од компанијата ги истакнуваат и подобрените ресурси, како и посебниот акцент ставен на безбедноста на корисниците.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *