Дното на Антарктикот испушта метан

Научниците потврдија дека од морското дно на Антарктикот се испушта метан

Метанот го создаваат илјадници години стари алги кои се распаѓаат. Вообичаено микробите го консумираат подводниот метан пред да дојде до атмосферата, но екосистемот околу местото на протекување на Антарктикот бавно создава микроби и затоа нема соодветен биофилтер под ледот.

По прв пат во историјата научниците потврдија дека метан се испушта од морското дно на антарктикот.

Тие велат дека оттаму метанот завршува во атмосферата. Според нивните податоци, во 2018 година метанот изнесувал околу 10% од емисијата на стакленички гасови во САД предизвикана од човекот.

Протекувањето на Антарктикот е надвор од човечка контрола и влијание. Научниците веруваат дека под Антарктикот се сокриени огромни количини метан и не ја знаат причината за протекувањето, но веројатно игра улога и глобалното затоплување затоа што Росовото Море не е доволно загреано.

Нуркачите прв пат забележале прoтекување на метан во 2011 година, но научниците не почнале да истражуваат до 2016 година, кога стартувале со анализи на терен и во лабораторија.

Тие сметаат дека испуштањето на метанот од замрзнатите региони подводни делови е индикатор дека глобалното затоплување повеќе не може да се стопира.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *