Доминацијата на Тесла во Европа е завршена

Доминацијата на Тесла во Европа е завршена

Кои се најпродаваните електрични модели на Стариот континент во 2020 година?

Западна Европа е веќе пред Кина како најголем светски пазар за електрифицирани автомобили, со повеќе од 500.000 регистрации во првите седум месеци наспроти 486.000 за азиската земја.Во исто времепазарниот удел на Тесла на Стариот континент падна од скоро 34% минатата есен на само 15,2%.Американската компанија продаде 36.652 електрични автомобили во Европа од почетокот на годинава.Сојузот Renault-Nissan-Mitsubishi  има 48.835 а групата Volkswagen има 47.198.

Најпродаваниот електричен автомобил во Европа е Renault Zoe со се поголемо водство во однос на Tesla Model 3.Во повисокиот сегмент на овој пазар,апсолутен лидер е Audi e-tron c 13.500 продажба во првото полувреме – далеку пред Porsche Taycan-3.111 и Tesla Model S-2.506.

Електричниот Jaguar i-Paceиако беше прогласен за Светски автомобил на годината од страна на жирито за печат, продаде само 3.776 единици во првото полугодие што не го става ниту во Топ 20.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments