Дронот „Охотник“ првпат тестиран како пресретнувач.

Тешкиот ударен дрон С-70 „Охотник“ го реализираше својот прв лет со имитација на вооружување. Тестирањата се одржаа на полигонот „Ашулук“ во Астрахањската област.

„Неодамна „Охотник“ изврши неколку летови со функционални имитатори на ракети од класата „воздух-воздух“. Тестовите овозможуваат да се оцени заедничката работа на опремата на дронот со системите за наведување на ракетите и електрониката на водечкиот авион Су-57“, изјави за РИА „Новости“ извор од военоиндустрискиот комплекс на Русија.

Функционален имитатор претставува ракета со систем за наведување, но без мотор и боев дел. За испитните летови С-70 употреби имитатори со инфрацрвени и радарски самонаведувачки глави, истакнува „Росијскаја газета“.

Изработениот во ОКБ „Сухој“ С-70 „Охотник“ ќе биде првиот тежок ударен дрон на руските ВКС. При неговото создавање се употребени технологии на ловецот од петта генерација Су-57. Апаратот е направен според шемата „летечко крило“ со употреба на материјали и методи кои ја намалуваат неговата радарска видливост.

Во борба С-70 ќе стане дрон потчинет на Су-57. Ќе може да го проширува „полето на видливост“ на ловецот, да открива објекти на непријателската ПВО и да неутрализира цели по наредба од водачот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments