EA вклучи договор заедно со Steam

EA Access ќе се нуди преку Steam

EA Access веќе доби посебна страница на Steam и објаснува дека оваа претплатничка услуга ќе биде достапна на PC играчите наскоро.

По цена од 25 евра годишно, би можеле да ги проверите ремек делата како Dragon Age, Mass Effect, Titanfall, Battlefield, но и игрите кои не се познати толку како Mirror’s Edge, Burnout Paradise.

За 4 евра месечно, Origin Access дава пристап до над 200 игри, како и 10% попуст и временски ограничена проверка на најновите наслови на ЕА.

ЕА ја нуди оваа претплата на PC, PS4, како и XBox.

Откако ЕА ги префрли сите нивни игри на Steam, нешто што се срамуваше да го направи долги години, сега се подготвуваат да го направат истото и со претплатата.

Сеуште не се знае дали ЕА планира да овозможи Steam алтернатива и на Origin Premier. Оваа претплатна чини 100 евра годишно, но дава целосен пристап на апсолутно сите нови игри кои се на ЕА, заедно со комплетни едиции на многу други игри.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments