Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Египетските власти пронајдоа 13 ковчези стари 2500 години
13 дрвени ковчези што датираат од пред нашата ера беа откриени во пустината Сахара во Египет од страна на властите. Тоа што ги прави ковчезите специјални е дека не биле чепнати илјадници години и останале во оргиналната положба.

Според Министерот за Туризам на Египет, ковчезите биле пронајдени 11 метри под земјата, подредени еден над друг. Тие се многу сочувани, дури и оргиналните бои останале на некој од нив. Анализата покажала дека ковчезите биле запечатени пред да бидат закопани. Министерот изјави дека е можно да се пронајдат повеќе такви ковчези во близина.