Електричен гумен скутер што може да се спакува во ранец
Електричен и гумен скутер што може да се спакува во ранец беше претставен во Јапонија.
„Поимо“ е направен на Универзитетот во Токио и може да се оспособи за една минута со помош на електрична пумпа.

Креаторите сакаа да направат возило што ќе ги намали можните повреди во сообраќајот.
Сепак, експертите велат дека е потребна официјална потврда дека ова возило е безбедно пред да се пушти во сообраќај.
Направен е од термопластичен полиуретан (TPU) кој се користи при производство на воздушни легла.
Тежината на возилото е околу 5,5 килограми.