Електричниот автомобил Aviar R67

Електричниот автомобил Aviar R67 доаѓа од Русија.

Како што најави руската компанија Aviar Motors уште во 2018 година, доаѓа електричниот модел кој ќе биде електрифицирана верзија на Ford Mustang Setback.

Од 0 до 100 км/ч забрзува за само 2,2 секунди, а најголема брзина што може да ја развие е 250 км/ч. Со едно полнење на батериите може да помине 507 километри.

Од досега достапните фотографии може да се види дека естетиката е во ретро фазон, а погонот е современ – електричен. Автомобилот ќе ја користи истата платформа како Tesla Model S, како и батерии на Tesla од 100 kWh и два електромотори од 840 коњски сили.

Автомобилот ќе има каросерија од лесни композитни материјали, елементи од карбонски влакна, како и модерен ентериер со дигитални инструменти и голем централно поставен екран на допир.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments