Elon Musk создаде компанија за осигурување

Elon Musk во обид да создаде компанија за осигурување возила

Според првичните планови, во повеќе сојузни држави кон крајот на годината треба да се појават филијали на Tesla Insurance.

На презентацијата пред акционерите за резултатите од второто тримесечје на компанијата Tesla синоќа, Елон Маск соопшти за подготовка на создавање на истоимена осигурителна команија.

Понудата на Маск за осигурување на возилата на компанијата Tesla не е нова. Сопствениците на овие електро автомобили со години се жалат дека осигурителните компании им наплаќаат превисоки рати поради скапите поправки.

Идејата е да се создаде компанија што ќе ги користи информациите собрани од автомобилот за да се изгради профил на возачот за оценување на соодносот и веројатноста од сообраќајни незгоди, и според тоа да се пресметаат месечните рати за осигурување.

Tesla осигурување се појави во Калифорнија уште во април 2019 година, потоа имаше обид да се оди на национално ниво, но сајтот на кој првите членови се пријавија пропадна и не се обнови.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments