Elon Musk стана четврт најбогат човек

Elon Musk во четворката најбогати на планетата

Со нето вредност од 84,8 милијарди долари, Маск е зад Марк Закерберг, Бил Гејтс и Џеф Безос.

Милијардерот и бизнисмен Elon Musk стана четвртиот најбогат човек во светот, по историскиот скок на акциите на Tesla. Акциите пораснаа за повеќе од 300 проценти, а Musk вреди 85 милијарди долари.

Акциите на Tesla вчера скокнаа за повеќе од 11 проценти, зголемувајќи ја нето вредноста на технолошката компанија за скоро 8 милијарди долари.

Tesla Motors остана профитабилна компанија во последните квартали и покрај влијанието на пандемијата со коронавирусот. Tesla продаде повеќе од 179.000 автомобили во текот на првата половина на 2020 година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments