Elon Musk загуби 16 милијарди долари

Најголема загуба за еден ден

Основачот на компаниите SpaceX и Tesla моментално е 7-ми на листата на Forbes за најбогати Американци.

Во последните денови од август, благодарение на растот на акциите на Tesla, неговото богатство се зголеми на повеќе од 100 милијарди долари, а потоа на 4 септември падна на 87,9 милијарди.

Денес има околу 82,3 милијарди долари, а драстичен пад се случи вчера, кога загуби 16 милијарди долари за ден, поради падот на акциите на Tesla.

Тоа е исто така најголема загуба во историјата на индексот на милијардерите Блумберг, забележана за еден ден.

Скоро целото негово богатство, освен што поседува неколку имоти (од кои сака да се ослободи), е поврзано со неговите улоги во компаниите што ги основал.

Пред две години, Elon Musk рече дека ќе продава акции на Tesla во вредност од околу 100 милиони долари „на секои неколку години“ и ќе ги дава во добротворни цели.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments