ЕУ воведе санкции против хакерски групи

Санкциите вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на средства

Санкциите вклучуваат забрани за патувања и замрзнување на средства за компании и физички лица од Кина, Русија и Северна Кореа.

Европскиот Совет одлучи да спроведе мерки против шест физички лица и три компании, односно државни структури и структури помогнати од државата. Земјите од каде доаѓаат овие физички лица, но и организациите се Кина, Русија и Северна Кореа.

Европската Унија за првпат ја искористи својата „Рамка за заедничка дипломатска реакција на малициозни кибер напади“, на кратко наречена „кибер дипломатска алатка“ воспоставена и засилена во 2017 година.

Преку оваа алатка ЕУ и земјите членки имаат можност да воведат мерки, вклучувајќи и рестриктивни мерки со цел да спречат, демотивираат и одвратат малициозни кибер напади.

Санкциите кои се воведени вклучуваат забрани за патувања, како и замрзнување на средства. Нападите за кои се одговорни овие групи се поврзани и со неколку кои беа познати и актуелни во светот, како што е WannaCry и NotPetya.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments