Facebook, острани 190 профили поради случајот со George Floyd

Facebook, острани 190 профили поради случајот со George Floyd

Сеуште продолжуваат протестите предизвикани од убиството на George Floyd од страна на полиција. Ден за ден се зголемува бројот на компании кои ги поддржуваат овие протести.

Протестите против рацизам кои започнаа во САД поради убиството на George Floyd, ден за ден се прошируваат низ светот. Компаниите кои ги поддржуваат овие протести на различен начин ја покажуваат нивната реакција. Facebook е една од овие компании. Компанијата со милиони корисници и најголемиот дел од социјалните мрежи, очигледно дека има за цел да ги острани сите кои го поддржуваат рацизам.

Според информации преземени од Associated Press, Facebook острани 190 профили кои поддржуваат рацизам. Компанијата изјавува дека овие профили објавувале објави против овие протести започнати поради убиство на црнецот George Floyd. Овие објави се толку лоши што понекогаш го предизвикуваат народот да се вооружи против овие протести.

Директорот даде изјава во врска со темата:

Директор на Facebook за политика против тероризам и опасни организации во изјавата на Associated Press кажа:„Видовме дека тие лица планираат да одат физички против овие протести, па дури понекогаш и вооружени“. Сите знаеме дека овие групи иако се острануваат од страна на Facebook, тие со различно име повторно се појавуваат. Сега за сега не се знае дали компанијата ќе смисли подобра и подолготрајна идеја.

Сите сакаат подетални информации од компанијата во врска со оваа тема. Се знае дека се додека продолжуваат протестите ќе продолжуваат и ваквите ситуации, но не се знае како Facebook ќе се справи со истите.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments