Facebook ќе известува за лажни вести на македонски јазик

Facebook ќе известува за лажни вести на македонски јазик

Како дел од борбата против дезинформациите на Фејсбук  компанијата оствари соработка со независни проверувачи на факти од трети страни ширум светот, кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на содржината.Беше најавено започнувањето на програмата за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија со Вистиномер (Фондација Метаморфозис). Кога проверувачот на факти ја рангира веста како лажна Фејсбук ја прикажува подолу во Новости (News Feed)“, со што значително се намалува нејзината дистрибуција.

Ова спречува да се шири измамата и да се намали бројот на луѓе што ја гледаат веста.Борбата против лажните вести е одговорност што ја сфаќаме сериознa затоа постојано работиме на начини да помогнеме да се запре ширењето на дезинформациите на нашата платформа.“ изјави Софи Ајерс, менаџер за стратешки развој на Фејсбу.

Фејсбук ги отстранува профилите и содржината што ги кршат нивните Стандарди на заедницата (Community standards) или политиките за рекламирање (ad policies).Фејсбук е платформата преку која луѓето во нашата земја најчесто наоѓаат, примаат и консумираат информации. Во комбинација со нашите напори да ги поттикнеме читателите да размислуваат критички за кредибилитетот на медиумите и селективно да пристапат кон изворите на информации.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *