Messenger со нова заштитна функција

Facebook Messenger со нова заштита

Функцијата која Facebook ја нарекува App Lock е дел од многубројните мали промени кои доаѓаат во Messenger, а кои се поврзани со приватноста и со сигурноста.

Facebook  ќе овозможи дополнително ниво на сигурност при отворањето на апликацијата Messenger на  iPhone и iPad. Сега таа може да се заклучи при затворање по што, за да ја отворите, побарува потврда на идентитетот со Face ID или TouchID.

Апликацијата исто така добива простор за нагодување на приватноста во апликацијата, овозможувајќи им на корисниците од едно место да ги контролираат функциите како заклучување на апликациите, публиката за своите приказни и корисниците кои се блокирани.

Во наредните неколку месеци App Lock би требало да се најде и на Android.

Од Facebook споменуваат и други дополнителни функции чиешто тестирање се планира да започне наскоро.

Од компанијата уккажуваат дека корисниците им бараат поголема контрола над дојдовните повици и пораките.

Facebook има намера да им понуди на корисниците поголема контрола над тоа кој може да ги повика и да им испрати порака.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *