Овие промени се дел од поширокиот Data Transfer Project
Оние кои сакаат да префрлаат фотографии и видеа од својот Facebook профил сега имаат повеќе опоции на располагање.
Facebook сега на корисниците им овозможува да ги експортираат своите фајлови во Dropbox, Google Photos и ЕУ стартапот Koofr.
Facebook корисниците ширум светот од јуни се во можност да ги префрлаат фотографиите на Google Photos. Овие промени се дел од поширокиот Data Transfer Project, чија цел е да им се олесни на корисниците преземањето и трансферот на податоци.
Facebook истакнува дека корисниците ќе мораат повторно да ги внесат своите лозинки пред префрлањето на фајловите, а во текот на трансферот податоците ќе бидат енкриптирани.
За да се префрлаат фотографии и видеа од Facebook на Google Photos, Dropbox или Koofr потребно е да се избере „Your Facebook Information“ во подесувањата.
Потоа се бира „Transfer a Copy of Your Photos or Videos”, се внесува лозинка, се бира дестинацијата и се потврдува трансферот.