Facebook ќе блокира дезинформации во врска со вакцината против COVID-19.

Facebook соопшти дека ќе ги блокира лажните и научно неиздржани тврдења за вакцината  против COVID-19.

Станува збор за проширување на постојните правила на компанијата против дезинформации за пандемијата. Facebook се одлучи на овој чекор по веста дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми. Како што наведуваат, идеолошки различни групи ширеле дезинформации за вакцините на социјалните мрежи за време на пандемијата, вклучително и дека истражувањето е спроведено врз луѓе без нивна согласност, поради што компанијата одлучи да застане на патот на лажните вести и дезинформации. Компанијата YouTube го стори истото уште во октомври.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *