Facebook споделувал кориснички податоци со 5.000 апликации

Facebook споделувал податоци со над 5.000 надворешни апликации

Од Facebook откриваат дека најмалку 5.000 апликации имале пристап до податоци дури и кога корисниците не биле активни повеќе од 90 дена. Механизмот со кој автоматски се блокира пристапот до податоците по 90-дневна неактивност не функционирал.

Од компанијата изјавиле дека проблемот бил поправен дента кога бил откриен.

Се чини дека секоја година се појавува понекој скандал поврзан со приватноста на корисниците на Facebook. Овој пат се известува дека најмалку 5.000 апликации на социјалната мрежа задржале податоци од корисници кои требало да бидат автоматски избришани.

Компанијата се обидува да биде потранспарентна во начинот на кој ги чува податоците на корисниците кога се поврзани со други апликации. 90-дневниот период е мерка имплементирана по скандалот со „Кембриџ аналитика“ во 2018.

Информациите што биле споделени не вклучувале податоци за кои корисникот не дозволил користење кога го направил профилот и проблемот се јавил во одредени случаи, како кога еден корисник поканува друг корисник да вежба преку апликација за фитнес. Алгоритмите на Facebook не препознале дека поканетите пријатели не биле активни и затоа нивните податоци продолжиле да се споделуваат со апликациите.

Компанијата во август ќе воведе нови правила за апликациите што ја користат мрежата, кои треба да го ограничат споделувањето на податоците на корисниците со други апликации надвор од мрежата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments