Facebook станува „мрежа за постарите“

Фејсбук неодамна објави дека ќе ја исклучи апликацијата Lasso, која беше креирана да стане конкурент на кинескиот ТикТок.Намерата на американскиот интернет гигант е да се фокусира на својата апликација со слична намена наречена – Instagram Reels.

Lasso започна во ноември 2018 година и беше достапен само во САД и уште 10 земји во Латино Америка.Како ТикТок и Lasso прикажуваше видеа во траење од 15 секунди, со репродукција на познати песни во позадина.Oд друга страна, Instagram Reels не е посебна апликација, туку ќе биде додадена како опција во рамките на Инстаграм, која на корисниците ќе им овозможи снимање на кратки видеа кое ги бидат следени со кратка музичка подлога.

И додека, за бранот на економска војна меѓу САД и Кина бројни експерти и претставници на различни интернет компании тврдат дека ТикТок не е безбеден и ја загрозува приватноста на своите корисници, може да се крие и друга причина.

Во едно неодамнешно интервју, оперативната директорка на Фејсбук, Шерил Сандберг истакна: „Метеорското искачување на ТикТок буквално го ‘исече’ приливот на нови млади корисници“. Сандберг во интервјуто дури и призна дека нејзините деца користат ТикТок.Во ваква ситуација,единствено нешто што би можело да му помогне на Фејсбук е засилениот надзор на апликациите кои потекнуваат од Кина, од „безбедносни причини“, па дури и можна забрана која како една од можностите, беше најавена од американската администрација.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *