FBI започна истрага за нападот на Twitter

FBI започна истрага за хакерскиот напад на Twitter

„Се чини дека профилите биле компромитирани со цел да се реализира измама поврзана со криптовалути“, велат од бирото, повикувајќи ја јавноста да биде внимателна.

FBI почна истрага за хакерскиот напад на твитер-профили на познати личности во САД.

Тие се сомневаат на измама за биткоини.

Twitter во четвртокот објави дека хакерите упаднале во неговите сервери, а нападот го насочиле кон профилите на некои од најистакнатите корисници на платформата, вклучувајќи ги и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, ѕвездата на реалното шоу Ким Кардашијан, милијардерот Илон Маск, поранешниот претседател на САД Барак Обама и Бил Гејтс.

Компанијата на неколку часа го блокираше испраќањето пораки од многу профили, вклучително и официјализирани.

Хакираните твитови ги повикаа корисниците да ја удвојат добивката доколку испратат донации во криптовалути во точно определен паричник.

За неколку часа од почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе наседнале на измамата и испратиле биткоини во вредност од околу 100.000 американски долари. Твитовите биле избришани неколку минути откако биле објавени.

Twitter соопшти дека станува збор за координиран напад во кој цел биле вработени во компанијата со пристап до внатрешните системи и алатки.

Знаеме дека хакерите го искористиле ваквиот пристап за да ја преземат контролата врз многу профили со големо влијание при што праќале пораки во име на нивните корисници, соопштија од компанијата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *