Ferrari се откажа од практичниот модел

Ерата на најпрактичниот модел на Ferrari со три врати, конечно заврши

Ерата на најпрактичниот модел на Ferrari, GTC4Lusso со три врати, конечно заврши и беше прекинато производството на моделот. Ова го објави Motor1, а информацијата официјално ја потврди италијанската компанија.

Само пред неколку дена се тврдеше дека Shooting Brake моделот ќе остане во опсегот на компанијата, но на крајот беше одлучено стратегијата на Ferrari, претставена во 2017-та година, да не се спроведе.

Светската премиера на Ferrari GTC4Lusso се одржа во март 2016-та година на саемот во Женева. Како и неговиот претходник FF, спортското комби со четири места во кабината и четири погонски тркала.

Кој нема да успее да го купи GTC4Lusso ќе мора да почека за кросоверот Purosangue.

Претходно се тврдеше дека GTC4Lusso ќе добие наследник кој ќе се појави истовремено со кросоверот Purosangue. Премиерата на автомобилот, дефинирана од компанијата со терминот Ferrari Utility Vehicle, е закажана за 2022-ра година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments