Филмовите на Манчевски ги рушат рекордите на гледаност

 Филмовите на Манчевски ги рушат рекордите на гледаност

Нашата држава е богата со филмови и филмски имиња.И покрај ограничувањата предизвикани од пандемијата на Ковид-19филмовите на Милчо Манчевски продолжуваат да го наоѓаат патот до интернационалната публика.Врба на Манчевски ќе ја има премиера на најстариот романски фестивал.

Ова е еден од првите фестивали во светот кој ќе се одржи во услови на пандемија,филмовите ќе се прикажат пред публика на отворени простори.Врба ќе биде прикажан  во престижната официјална програма за награди.Филмот го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики.По македонската премиера филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност.

Врба ја освои и наградата најдобар филм во програмата на режисерите на 40.издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто,Португалија како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон,Нов Зеланд.



0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments