Firefox Nightly носи нова безбедносна карактеристика – изолација на страницата.

Овој концепт на „изолирање“ на страницата беше воведен од Google Chrome во 2018 година, а сега оваа одлика стана достапна и за тестирање во Firefox.

Во теорија, веб-страниците не треба да имаат пристап до податоците зачувани на компјутер. Но, понекогаш се случуваат „грешки“ и секогаш постои можност некои од „малициозни“ страници да користат безбедносна ранливост за пристап до чувствителни податоци, како од самите компјутери, така и од друга страница што е истовремено отворена на друг таб.

Уште во 2018 година, Google ја вгради можноста за изолирање страници во 67-та верзија на Chrome, и ова „се совпадна“ со откривањето на безбедносни пропусти во процесорот Spectre и Meltdown. Тие беа во можност да им дадат на хакерите пристап до приватните информации, вклучително и лозинки и клучеви за криптирање (т.н. напади на странични канали).

По откривањето на Meltdown и Spectre, Mozilla исто така најави дека ќе развие принцип на заштита сличен на Google во Chrome, проект што го нарече Project Fission. Системот се развиваше долго време и сега е конечно достапен за корисниците кои користат Firefox Nightly.


Можете сами да го тестирате користејќи ги упатствата, но имајте во предвид дека Firefox Nightly сè уште е нестабилна верзија и не треба да се користи како главен прелистувач:

• Преземете и инсталирајте Firefox Nightly
• отворете го и внесете ги поставките во горниот десен агол
• изберете „settings“ и во нив „night experiments“
• проверете го полето со назнака „fission (site isolation)“
• ресетирајте го прелистувачот

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments