Flash ја доби својата последна надградба пред официјалниот крај на оваа технологија.

Официјалната поддршка за Flash завршува на крајот од годината, а Adobe ќе почне да ја блокира содржината од 12-ти јануари.

Adobe официјално ќе ја прекине поддршката за Flash веб технологијата на 31-ви декември оваа година, со што ќе го стави крајот на оваа веќе стара и недоволно безбедна технологија. Почнувајќи од 12-ти јануари идната година, од компанијата ќе ја блокираат секоја содржина од Flash Player, освен во Кина, со што корисниците и да сакаат веќе нема да можат да отвораат содржина направена во оваа технологија.

Flash донесе голем напредок во веб технологиите, со воведување на можност за интересни анимации, игри, како и веб апликации кои до тогаш не беа замисливи. Сепак, со тек на време беа развиени нови технологии кои овозможуваа повеќе работи, со помалку ресурси, а најважно од се, без безбедносните пропусти кои станаа голема карактеристика на Flash.

Прелистувачите, како и оперативните системи исто така ќе ја тргнат поддршката за Flash, што значи дека веќе и ќе нема начин како да се дојде до оваа содржина, освен за тие кои навистина сметаат дека мораат или сакаат.

Корисниците во главно нема да забележат некаква разлика со оглед на фактот што Flash веќе одамна е заменет со поновите технологии, содржината одамна исто така не се изработува во Flash, а и прелистувачите почнаа да ја блокираат со можност корисникот да ја вклучи содржината направена во оваа технологија.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *