Франција ги елиминира Huawei од својата 5G мрежа

Франција го прекина договорот со Huawei

Како и другите европски земји, Франција се подготвува да ја воведе новата генерација на 5G мобилната технологија, во време на зголемените геополитички тензии меѓу двете суперсили.

САД, кои ја обвинуваат Кина дека оваа опрема на нејзините корпорации ја употребува за шпионажа а што го отфрлаат и Huawei и официјален Пекинг, ги притискаат своите сојузници да го следат нивниот пример и да го забранат Huawеi.

Француските власти ги предупредиле телекомуникациските оператори кои планираат да купат опрема за мобилните мрежи од петтата генерација од корпорацијта Huawei дека нема да можат да ја обноват лиценцата кога ќе истеке, со што всушност го исклучуваат овој кинески телекомуникациски гигант кој е на удар на санкции од САД од мобилните мрежи.

Француската агенција за кибернетичка безбедност ANSSI соопшти претходно месецов дека ќе им дозволи на операторите користење на опрема, вклучително и од Huawei, со лиценца од три до осум години.

Меѓутоа, истовремено ги повикува телекомуникациските оператори кои во моментов не користат технологија од оваа кинеска компанија да избегнуваат да набавуваат нејзина опрема, за да не зависат од неа.

Ваквата одлука на Париз всушност би претставувало следење на потегот на Велика Британија, каде што телекомуникациските оператори многу зависат од технологијата на Huawei владата им нареди дека опремата на кинеската компанија мора да биде повлечена до 2027 година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments