Франција поведе истрага кон TikTok

Франција поведе истрага кон TikTok

Францускиот регулатор за приватност на податоците CNIL објави денеска дека започнала прелиминарна истрага за да утврди дали кинеската апликација ги крши регулативите за приватност.

TikTok, сопственост на кинеската компанија ByteDance, веќе е под истрага на американските, европските и холандските власти за наводни закани за приватност.

„Жалбата против TikTok беше примена во мај и ние сега започнавме истрага заснована врз неа“, рече портпаролот на CNIL.

Во САД, официјалните лица изјавија дека TikTok претставува ризик за националната безбедност заради личните податоци што ги обработува.

Во јуни, Европскиот одбор за заштита на податоците (EDPB) објави дека ќе формира работна група за проценка на активностите на TikTok во ЕУ по барање на европратениците, кои се загрижени за собирање на податоците и можни ризици по безбедноста и приватноста.

“Заштитата на приватноста и безбедноста на корисниците на TikTok е наш главен приоритет. Ние знаеме за истрагата на CNIL и соработуваме со неа без никакви бариери”, објави TikTok.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments