Франција го казни Google со 500.000 евра поради спор со издаваците!

Американската технолошка компанија Google беше казнета со 500 милиони евра во Франција поради спор со издавачи на француски весници кои сакаат компанијата да плати за користењето на нивните вести.

Француската агенција за заштита на конкуренцијата објави дека на Google му се заканува дополнителни 900.000 евра казни дневно доколку технолошкиот гигант не даде предлози во рок од два месеци за тоа како да ги обештети производителите на вести.

Подружница на Google во Франција изјави дека е многу разочарана од одлуката и дека казната „не ги одразува направените напори или реалноста за користење вести на нашата платформа“.

Компанијата објави дека преговараат за решение и дека се на прагот да постигнат договор со некои издавачи на медиуми.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments