Функцијата на Instagram – Instagram Music сега достапна и во Македонија.

Долго очекуваната опција Instagram Music, од денеска може да ја искористите на вашето Story.

Сега можете да додадете soundtruck на вашето story што одговара на секој момент и ви помага да изразите како се чувствувате. Instagram Stories сега добива нови начини да се чувствувате поблиску до вашите пријатели и следбеници.

Кога ќе допрете за да додадете sticker на фотографија или видео во Stories, сега ќе видите икона за музика. Допрете на неа за да отворите библиотека со илјадници песни – можете да пребарувате за одредена песна, да пребарувате по расположение, жанр или што е популарно и да допрете на копчето за репродукција за да слушнете преглед. Кога ќе ја изберете вашата песна, можете да напредувате и да се премотувате назад низ траката за да изберете точен дел што одговара на вашето story.

Можете исто така да изберете песна пред да снимите видео. Кога ќе ја отворите камерата, притиснете на новата опција „Music“ под копчето за снимање. Пребарувајте песна, изберете го точниот дел што го сакате и снимете видео како што песната игра во позадина.

Кога вашите пријатели го гледаат вашето story, тие ќе ја слушаат песната, додека ја гледаат вашата фотографија или видео. Ќе видат и sticker што ги покажува насловот на песната и името на изведувачот.

Секојдневно расте бројот на песни ко можете да ги користите во вашето Story. Music Sticker сега е достапна како дел од верзијата 51 на Instagram во одбрани земји, меѓу кои и Македонија. Музиката може да игра важна улога во тоа како ги споделувате вашите моменти и се изразувате со пријателите.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *