Galaxy Buds Live новите слушалки на Samsung

Фотографии од Galaxy Buds Live

Samsung Galaxy Note20 серијата паметни телефони ќе биде официјализирана на 5ти август, а се очекува дека јужнокорејската компанија ќе објави и нов паметен часовник, таблет и безжични слушалки. Galaxy Buds Live се појавија на фотографии, до кои дојде Twitter дојавувачот @evleaks.

Претстојните слушалки се дизајнирана во облик на зрно грав, со звучник во средина. Покрај тоа, тука се и два други отвора за микрофон од една страна, кои би можеле да служат за гласовни команди/повици или за стивнување на вревата. Овие слушалки немаат силиконски продолжетоци, па се очекува дека поинаку ќе лежат во уво.

Кога е во прашање куќиштето за полнење, го карактеризира дизајн на заоблена коцка, со пинови за полнење во центар. Најверојатно ќе поседува магнети за слушалките да стојат во место додека се полнат

Samsung Galaxy Buds Live слушалките се прикажани во три опции на бои – црна, бела и мистична бронзена.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments