Galaxy Note 20 од утре е достапен во Македонија

Покрај новата Galaxy Note 20 серија, утре почнува продажбата на новиот Samsung Galaxy Tab S7

Samsung го најави почетокот на официјалната продажба на двата нови телефони од Galaxy Note20 серијата на домашниот пазар.

Продажбата почнува утре, 21. август, по препорачаните малопродажни цени од 56.999 МКД за Galaxy Note20 и од 71.999 МКД за Galaxy Note20 Ultra.

Galaxy Note20 Ultra ќе биде достапен во мистично бронзена, црна и бела, додека Note20 моделот ќе биде достапен во мистично бронзена, зелена и сива боја.

Покрај новата Galaxy Note20 серија, утре почнува продажбата на новиот Samsung Galaxy Tab S7 и S7+ таблет, како и иновативните Galaxy Buds Live безжични слушалки, кои што одлично се дополнуваат со новата Note серија на паметни телефони.

Она што за современите корисници е една од најважните карактеристики на еден паметен телефон е квалитетната камера, која сега доаѓа со 8K резолуција, идеална за создавање на врвни снимки, од професионален ранг.

Камерата на Galaxy Note20 Ultra моделот со широко-аголен објектив од 108 мегапиксели, ги бележи и најситните детали, така што фотографиите и видео снимките изгледаат токму како што ги гледа човечкото око.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments