Galaxy Note20 Ultra може да има динамичка стапка на освежување

Galaxy Note20 Ultra може да има динамичка стапка на освежување на екранот

Информациите за оваа карактеристика ги објави дојавувачот Ice Universe. Тој истакнува дека слично како и кај Galaxy S20 серијата, Galaxy Note20 Ultra ќе има опција за користење на 120Hz стапката на освежување на QHD+ резолуција.

Galaxy Note20 серијата телефони на Samsung се очекува во текот на Unpacked настанот закажан за 5. август. На најновата серија гласини и протечени информации сега можеме да им додадеме дека Galaxy Note20 Ultra би можел да има опција за динамичка стапка на освежување на екранот.

Од друга страна, Samsung би можел да понуди баланс помеѓу траењето на батеријата и перформансите преку својата функција на динамичко префрлање помеѓу стапките на освежување на дисплејот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments