Galaxy Z Flip 5G прикажан од повеќе агли во ново видео
Минатата недела се појавија рендери од Samsung Galaxy Z Flip 5G телефонот, а сега дојавувачот evleaks ни овозможува увид во видеото на Mystic Bronze варијантата на флексибилниот телефон. Видеото го прикажува смартфонот од повеќе агли.
Видео клипот не ги вклучува спецификациите на уредот, но благодарение на претходниот TENAA листинг знаеме дека Galaxy Z Flip 5G нема да има премногу измени во однос на претходниот модел, со исклучок на чипсетот.
Ова го потврдува и Max Weinbach од XDA-Developers тимот, кој истакнува дека најголемата разлика помеѓу 4G и 5G верзијата на Galaxy Z Flip ќе биде имплементирање на Snapdragon 865+ чипот на новиот модел.
TENAA листингот споменува и систем со две камери (12MP + 10MP), иако Weinbach тврди дека телефонот ќе има две 12MP камери како кај 4G верзијата.
Покрај тоа, тој истакнува дека 5G моделот ќе биде за 0,5мм подебел и за 0,1мм подолг од 4G варијантата.
