Galaxy Z Fold 2 нема да биде претставен на Samsung Unpacked

Weinbach сугерира Z Fold 2 ќе биде претставен на почетокот на септември.

Samsung официјално најави дека својот следен Unpacked настан ќе го одржи на 5. август, кога ќе ја претстави Galaxy Note20 серијата телефони. Се очекуваше тогаш да бидат објавени и некои други уреди, како што се Galaxy Z Flip 5G, Galaxy Tab S7 и Tab S7+, Galaxy Buds Live и Z Fold 2.

Според наводите на инсајдерот Max Weinbach, Galaxy Z Fold 2 изгледа нема да биде дел од оваа презентација. Тој истакнува дека 60 проценти е сигурен дека Samsung нема ни да го спомене Galaxy Z Fold 2 на презентацијата, како и дека е 100 проценти сигурен дека телефонот нема да биде прикажан.

Тоа и натаму остава доста производи кои би требало да ги видиме на Unpacked презентацијата. Се очекуваат три Note20 модели – Galaxy Note20, Note20+ и Note20 Ultra; Z Flip 5G флексибилниот смартфон со Snapdragon 865 (или 865+) чип и 5G поддршка; Galaxy Tab S7/S7+ таблет уредите, како и Galaxy Buds Live безжичните слушалки.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments