Германско истражување покажува дека автомобилите се сè поголеми

Германско истражување покажува дека автомобилите се сè поголеми

Центарот за истражување на автомобили спровел студија за постојаниот раст на димензиите на новите автомобили што е дефинитивно тренд последниве години

Вистинска реткост е во современата автомобилска индустрија новата генерација на некој модел да е пократка или потесна од претходното издание. Автомобилите растат што секако, покрај предности, има и недостатоци.

Овој институт во своето истражување наведува дека SUV трендот е сè уште изразен,особено во Германија, каде што во првата половина од оваа година, дури 34% од продадените возила припаѓале на овој сегмент. Но, тие посочуваат дека овој тренд веројатно и довел до практика на зголемување на големината на автомобилите.Бројките се следни. SUV моделите се во просек 3 cm подолги, 4 cm пошироки, па дури и 159 килограми потешки од остатокот на возниот парк.

Институцијата од Дуисбург посочува дека разликата во однос на стандардните автомобили е неверојатно помала, со оглед дека порано таа изнесувала до 10 cm во должина, 30 cm во ширина и неверојатни 600 килограми во тежина.Разликата може да се припише на фактот дека автомобилите почнале да растат во сите класи, така што денешниот модел од Б сегментот е повеќе или помалку ист како оној што порано бил во сегментот Ц. Сепак, се истакнува и друга често заборавена вистина – SUV трендот не губи на интензитет. А кога една класа на возило е толку популарна, тогаш неизбежно доаѓа до негова диверзификација. Така, во последно време, добиваме сè повеќе мали градски кросовери, кои се значително поблиски по големина со стандардните возила.

Човекот кој стои зад оваа студија посочува дека SUV возилата станале нормална појава во урбаните центри, затоа што тие имаат одредени предности кога станува збор за експлоатација во вакви услови.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments