Google Chrome на Windows 7 ќе продолжи да добива поддршка до 2022.

Поради доволно големиот број на корисници на овој стар оперативен систем, Google се реши да ја продолжи поддршката на Chrome за 6 месеци повеќе од планираното.

Иако Microsoft официјално ја заврши поддршката за Windows 7 и ја пушти последната надградба на крајот од јануари, сепак не е мал бројот на корисници кои не се откажуваат од овој систем.

Покрај одредени корисници кои сметаат дека ова е најдобриот оперативен систем и не сакаат да го инсталираат Windows 10, има голем број на бизнис корисници кои сепак немаат направено надградба поради големата работа која е потребна за тоа.

Според статистиките, сепак, повеќето веќе имаат направено надградба, додека уште одреден процент се во фаза или планираат да почнат со надградбата. Оваа година фактор е и пандемијата која голем дел од вработените ги примора да работат од дома.

Google требаше да ја прекине поддршката за Chrome на Windows 7 идното лето. Од компанијата одлучија да го продолжат овој рок за 6 месеци, па наместо во јули идната година, Chrome на Windows 7 веќе нема да има поддршка од јануари 2022.

До тогаш повеќето бизниси би требало да ја имаат завршено миграцијата на Windows 10, со што Google веќе и нема да има потреба од трошење на ресурси за одржување на Chrome на толку стар оперативен систем.  

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments